Одржливи решенија: Како да ги подредите вашите чевли?

Влегуваш дома и да, често за да стигнеш од влезната врата до дневната соба треба да поминеш цело море од чевли, папучи за по дома, папучи на цимерот, потоа нешто зимски чизми, апостолки за по лето, уште еден пар апостолки, штиклите на цимерката; неколку пара стари патики кои чисто онака сите си ги чуваат, не ги фрлаат, но ниту некогаш пак ги облекуваат и така натаму! Ете, сега доаѓа зима и не ни требаат летните. Кај да ги сместиме?

Paint-cans-nailed-into-the-wall-are-the-perfect-size-for-flip-flops.

 

Еве едно креативно решение! Paint cans nailed into the wall are the perfect size for flip-flops!

Повеќе идеи може да најдете на овој веб-портал!

Марибор, Љубљана и Блед – градови-домаќини на третиот Challenge:Future Самит

Од 20ти до 26ти септември, Словенија по трет пат беше земјата домаќин на годишниот собир на најиновативните, најкреативните и најталентираните млади иноватори и мислители ширум светотот во рамките на think-DO-tank-от Challenge:Future (www.challengefuture.org). За прв пат самитот се одржа во три града: Марибор, Љубљана и Блед и во рамките на истиот се одржаа пет настани.

1382221_10152120792942787_1023241821_n

Самитот како настан заедно донесе 80 млади учесници од целиот свет, а со тоа послужи како место каде во допир дојдоа повеќе од 30 земји и култури. Самитот годишно ги бележи успесите на сите млади и нивните активности во рамките на Challenge:Future.

Една од главните активности на платформата во текот на годината се C:F натпреварите кои оваа сезона беа во контекст на невработеноста кај младите. Нигерија, Унгарија и Холандија се земјите кои годинава може најмногу да се гордеаат на своите СиЕф натпреварувачи. Победничкиот тим од Нигерија доби грант од 3.000 евра за да ја имплементира својата победничка идеја во рамките на натпреварот Make.it.WORK. Тимот How Consulting Group, со членови од Унгарија и Холндија, победи во натпреварот The Future of Work кој беше во взаемна соработка помеѓу Challenge:Future и консултантската куќа А.Т.Kearney.

make it work winner

Настанот беше отворен и поздравен од Андреја Кодрин, ко-основач и претседател на Challenge:Future, адресирајќи ги главните проблеми со кои се соочуваат и борат младите во рамките на активностите на платформата.

Andreja, there is no they

There is no THEY! It’s only us! беше една од главните пораки на Андреја на самото отворање

На самиот самит, имаше претставници и од Македонија, вклучително од Скопскиот огранок на Challenge:Future   и Младиинфо и тоа: Стефан Алиевиќ, Ана Михајлоска, Ненад Тодоровски, Антоанета Иванова и Тамара Милетиќ . Сите претставници беа високо-квалификувани полуфиналисти во оваа сезона натпревари во рамките на Challenge:Future. Наш член исто во главниот тим на Challenge:Future ситуиран во Словенија е Бистра Кумбароска.  За било какви прашања околу Challenge:Future, оставете ја вашата порака на следниов мејл: bistra@challengefuture.org!

Следете ја официјалната ФБ страна на самитот ТУКА!

543933_590407590997374_2100183783_n
Cultural evening in Maribor during the summit

1157502_590402517664548_1466358423_n
D
elivering a pitch! C:F participants coming up with original and innovative solutions to bring Maribor UP!

995528_10201270479581368_1769372630_n
Free time for the participants at Adventure Park!

out of the box
Challenge:Future/Out of the Box – Youth Forum in Maribor

Check out here the Challengers of the Future short video!

Edited by Trickster

Професорска испитна чајанка

Факт е дека ќе чуете милион муабети од студентите денес за нивните студентски маки, и не е дека мојава приказна се истакнува од останатите, но се надевам дека ќе допре до оние до кои треба и можеби ќе покрене малку самосвест кај истите. Мала критика упатена кон сегашните професори, но и показател за што НЕ треба да прават оние кои планираат да продолжат да се дел од академскиот свет и ќе треба да бидат пример за студентите.

Е па, да ја започнам мојата приказна. Се спремав за испитов две недели со надеж дека ќе го баталам сесијава и нема да ме боли глава за прелиминарни резултати ако го полагам во наредната сесија (зашто, нели, ми влече друг предмет). Како и да е, отидов на испитот и се израдував што бевме само петнаесетина души. Си реков, супер, професорката и асистентот ќе можат да набљудуваат без проблем и нема да има ситуации од типот на „Ејј, пссст! Кажи ми го прашањево! Еј, а бе, а ова како беше?“ (не ми е гајле ако муабетов звучи бубалски, ниту ако се пронајдовте во оние што зборуваат во наводниците, според мене такви луѓе веднаш мора да се дисквалификуваат од испит. Ама, пусто попустливо македонче професорче).  Да не должам, испитот започна, го погледнав тестот, се израдував што знаев да одговорам на прашањата и единствено што остануваше беше да ги напишам. Финтата беше што беа есејски, па  цел испит ми фати пет и пол страни. Е сега, за да напишеш пет и пол страни во рок од два часа, официјалното времетраење на испитот, треба концентрација. Текстот треба да има тек, да е доследен, а не само да се трупаат реченици, особено ако си студент на книжевност како мене. Каде е проблемот овде? Прочитај повеќе…

C:F предизвици – лето, 2013

Во текот на летните месеци, имате можност да ги разгледате и земете учество во некој од следните Challenge:Future Quick Challenges:

1. C:F SUMMIT SHAKE

DEADLINE: 6ти август, 2013

Со наближувањето на самитот 2013, имате можност да бидете креаторот/избраникот на официјалната „химна“ на самиот самит. (hint: http://vimeo.com/20247701)

Твоја задача: Одберете една песна по ваш избор која ќе оди со видео. Песната треба да го отелотворува духот и енергијата на C:F. Видеото истовремено треба да го доловува замислениот перформанс. Повеќе детали ТУКА!

Награда: i-Bam 2 for iPhone – 100 % sustainable

Image

2. FUTURE GOVERNMENT – BEST SYSTEM

Како би изгледала владата на иднината? Како вие гледате на тој сет од институции клучен за сите човекови активности во секој поглед?

Ваша задача:  Прикажете ја вашата визија на слика не поголема од 2 MB. Прочитајте повеќе информации ТУКА! DEADLINE: 6ти август, 2013

Награда: Вашата визија може да биде на насловната страна на втората едиција од C:F Time Magazine

Image

3. МЕ & MY ACHIEVEMENTS – Globally Exposed

Кои се вашите аспирации – независно дали се мали или големи; лични или аспирации кои би го промениле светот?

Ваша задача: Направете фотографија која ќе ги доловува вашите аспирации. Point, shoot and post it! Повеќе информации ТУКА!

Награда: Бидете вклучени во второто издание на C:F Time Magazine!

DEADLINE: 27ми август, 2013

СРЕЌНО!

Проблемот со хартиените крпчиња

Кога хартиените крпчиња биле измислени во 1932, никој не можел да претпостави дека една третина од нашето ѓубре денес ќе бидат хартиените производи. Затоа треба да се запрашаме: Дали постојаната употреба на еднократните  хартиени производи е одржлива? Што е подобро за околината: памучните крпи или хартиените салфети?

Во кујните и тоалетите ширум светот секојдневно се фрлаат илјадници хартиени крпи. Затоа ќе разгледаме неколку решенија за овој проблем. Прочитај повеќе…

SKOPJE YOU ARE UNSUSTAINABLE

2013 не донесе многу убави вести барем до сега за Скопје.Каде е Скопје на листата на најиновативни градови во светот? http://www.innovation-cities.com/innovation-cities-global-index-2012/7237. Побарајте го сами, некаде од крајот.

A aко ја погледнете чисто листата на ниво на Европа, еве сме последни: http://www.innovation-cities.com/innovation-cities-europe-index-2012-2013/7243 Прочитај повеќе…

Анкета

Тимот на C:F Chapter Skopje е учесник во натпреварот на Challenge Future: Dream Job. Towards Perfect Education.  Со цел да го направиме нашиот полуфинален проект и надежно да влеземе во финале имаме потреба од статистики поврзани со општото мислење за едукативниот систем во Македонија како и можноста за имплеметирање на новитети. Па затоа, доколку имате 5 минути би ве замолиле да ја пополните следнава анкета.

Благодариме! (^.^)